Ракометарите на Куманово славеа со 33:24 на гостувањето кај Радовиш во денешниот последен меч од тековното коло во плеј-аут групата во домашната Суперлига. Куманово беше многу пдообар тим од Радовиш и уште во првото полувреме го реши прашањето околу победникот на мечот.
Гостите на одмир заминаа со +11 (8:19) што беше јасен сигнал дека второто полувреме ќе биде чиста рутина.
Бечајац со девет гола беше најефикасен кај Куманово, додека кај Радовиш Трајанов погоди 11 пати.