Шампонот падна во Фиренца: Милан поразен на „Артемио Франки“ (ВИДЕО)

155

Шампионот Милан е поразен вечерва на „Артемио Франки“ во меч од 25. коло на Серија А против екипата на Фиорентина со 2:1. „Виолетовите“ се погрижија да ја прокнижат втората последователна победа и да му го нанесат шестиот сезонски пораз на шампионот.

Првиот гол на средбата дојде во четвртата минута од второто полувреме, кога Томори го собори Иконе, судијата покажа на белата точка, а Гонзалес постигнува гол за 1:0.

Голема шанса за Милан имаше во 51. минута кога Жиру ја упати топката со глава, но голманот на домашните беше одличен и ја исфрли во корнер.  Пиоли се обиде да направи промени, влезе и Ибрахимовиќ, но не вредеше.  Лука Јовиќ на три минути пред крајот успеа по една одлична акција од десната страна, да погоди за 2:0 и да најави победа за домашните.

Милан до крајот успеа во продолжението преку Тео Ернандез само да намали на 2:1.

ПретходноАртета за повредата на Тросар: Не изгледа добро
СледноАтлетико ја „размонтира“ Севиља: Андалузијците претрпеа тежок пораз на „Ванда Метрополитано“ (ВИДЕО)