Норвешката скијачка Кајса Викхоф Ли ги израдува домашните фанови со победата на спустот во Квитфјел со што стана првата норвешка скијачка која успеала да победи во оваа дисциплина во Светскиот куп. Викхоф Ли го одбра местото и моментот за славење, а ова се одлични моменти за неа после страшната повреда пред две години поради што нејзината кариера беше под знак прашалник.
Меѓутоа нејзината победа ја засенија титулите на великанките во овој спорт, Микаела Шифрин и Софија Гоџа. Шифрин го потврди петтиот „Кристален глобус“ во Светскиот куп (севкупен победник во СК) додека Гоџа, која заврши втора во Квитфјел, се закити со „Малиот кристален глобус“ како најдобра во спуст трките сезонава во СК што е нејзин трет трофеј по ред во оваа дисциплина.
Следно за дамите е супервелеслаломот исто така во Квитфјел во недела на 5 март.
🏆🏆🏆🏆🏆 Overall Titles ✅
for @MikaelaShiffrin 🇺🇸
(7 races ahead! 🤪) and it’s not over yet 😉 (watch the video to find the next goal out! ➡️)#fisalpine pic.twitter.com/Vw3ZFJYMTk— FIS Alpine (@fisalpine) March 4, 2023