Штутгарт добро го испоти шампионот, но немаше сили за реми (ВИДЕО)

87

Победа на Баерн Минхен на гостувањето кај Штутгарт од 2:1 во меч во кој немаше да биде незаслужено домашните да се изборат и за бод. Шампионот беше подобар на теренот, но според шансите, Штутгарт на крајот можеше да дојде и до реми,

Добрата игра во првите 45 минути на Штутгарт, потсети на поранешните сезони кога „швабите“ беа во самиот врв на германскиот фудбал. И покрај добрата партија, шампионот прв поведе. Во 39. минута Матијс Де Лихт ги презеде работите во свои раце, шутираше од околу 30 метри и погоди за 0:1.

Во вториот дел во 62. минута Чупо-Мотинг постигна уште еден гол за 0:2, по што домашните се изборија само за гол-надеж во финишот на мечот, кога

Переа со глава погоди во мрежата на Зомер за 1:2.

Во 92. минута, домашните преку Кулибали имаа уште една одлична шанса, но неговиот шут со глава заврши непосредно до десната статива на голот на Зомер.

ПретходноЕ. Пелистер до очекувана победа над Пролет
СледноТри недели, три титули: Медведев слави во Дубаи