Тимот на Борнмут може да жали што на денешниот дуел против Арсенал не успеа да освои ништо и покрај тоа што имаше во еден момент водство од 2:0, а Арсенал со конечниот триумф од 3:2 покажа дека очигледно сезонава има нешто повеќе од само квалитетен тим и добри резултати.
Гостите во Лондон денеска имаа се, а на крајот останаа без ништо. Билинг донесе сензационално водство по само минута игра, а Сенеси во 57. минута зголеми на 2:0. Парти и Вајт во радиум од осум минути донесоа израмнување, а потоа, во последните дваесетина минути од дуелот следуваше вистинска опсада на гостинскиот гол.
Сето тоа резултираше со евро голот на Нелсон во седмата минута од продолжението со кој што Арсенал осви злато вредни три бода, кои и натаму му оставаат сериозна предност на лидерското место на табелата.
Челзи конечно победи и на домашен терен со 1:0 го совлада Лидс, додека Брајтон ја покажа својата сила против Вест Хем свладувајќи го со 3:0.
Вулверхемптон пак со голот на Адама Траоре го совлада Тотенхем со минимални 1:0.