Артета за повредата на Тросар: Не изгледа добро

532

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета по денешниот дуел со Бурнемаут зборуваше и за повредата на едно од зимските засилувања на „топчиите“, Белгиецот Тросар. Според Артета, повредата е загрижувачка.

„Не изгледа добро. Тој веднаш дојде кај мене и рече дека не може да продолжи, почувствувал нешто кога се враќал назад, па моравме да го замениме. Сега останува да видиме што ќе кажат лекарите, па ќе се знае повеќе за некој ден“, вели Артета.

Леандро Тросард беше заменет за време на првото полувреме на денешната средба на „Емирати“.

ПретходноМалер до малер: Нкунку по нецели два меча, повторно се повреди
СледноШампонот падна во Фиренца: Милан поразен на „Артемио Франки“ (ВИДЕО)