Екипата на Вардар 1961 го запиша четвртиот триумф во плеј-офот. Актуелниот македонски првак ја оправда улогата на фаворит против Пелистер 2, на гостински терен го совлада со 18-25 (7-12).
Дејан Манасков беше прв стрелец на мечот, постигна 13 голови, зад него беше Јагуриноски со четири гола. На другата страна Петровиќ имаше осум гола.
Избрниците на Александар Јовиќ само на почетокот на натпреварот му парираа на посилниот состав. По 4-5, „црвено-црните“ со серија од 6-0 поведоа со 4-11, најголемата позитива во овој дел од мечот. На одморот резултатот беше 7-12.
Вардар продолжи во ист ритам и во вториот дел. Иако ракометарите на Пелистер 2 имаа силна поддршка од трибините, сепак истата не беше доволна за да урне едно искусно име како Вардар, кој дојде во Битола по рехабилитација по срамниот пораз во СЕХА-лига од Партизан.
Во рамките на плеј-аут лигата, Вардар Неготино го запиша првиот пораз, откако на гости кај Прилеп беше совладан со убедливи 31-21.