Вардар 1961 во Битола ќе ги лечи СЕХА раните!

174

Денеска ќе биде комплетирано четвртото коло во плеј-оф и плеј-аут лигата. Оваа рунда се игра порано поради ЕХФ-неделата и собирот на македонската ракометна репрезентација, кој е закажан за утре.

Во Битола доаѓа Вардар 1961, но како гостин на вториот тим на Пелистер. Актуелниот македонски првак има три победи во низа, зад себе го има поразот во СЕХА-лига од Партизан, па против битолчани ќе бара „лек за раните“. На другата страна избраниците на Александар Јовиќ пак ќе велзат мотивирано иако се аусајдери на оваа средба, нивната борбеност е најсилната страна. Мечот е закажан со почеток во 16 часот.

Вториот битолски тим, без Ларс Валтер со кого раководството ја раскина соработката ќе има полесна задача, три часа подоцна е домаќин на Пролет.

Во плеј-аут ќе се одиграат сите четири меча. Најпријатното изненадување, Вардар Неготино е гостин на Прилеп (15 часот), Струга е домаќин на Голден Арт (16:30 часот), Скопје го пречекува Јуниор К.В (17:30 часот), додека пак Радовиш го пречекува Куманово (18 часот).

ПретходноВМФЛ: Пелистер по нов триумф, Вардар ќе се мачи со Детонит, Гостивар ја пречекува Беса
СледноУЕФА суспендира 11 клубови, меѓу нив Ријека, Борац, Олимпија, Клуж…