Голден Арт ја запиша и втората победа во низа во плеј-офот, откако на гостувањето кај Струга славеше со 29-34. Гостите триумфот го најавија на стартот поведоа со 3-6, а потоа со серија од 3-0 зголемија на 5-10, на одморот позитивата изнесуваше 11-18.
Струга не успеа да најдеше решени за нападот на противникот, иако во овој дел постигна 18 голови, повеќе од првото полувреме, сепак тоа не беше доволно за нешто повеќе.
Јанковски со осум гола беше прво име кај победникот, Цветаноски Бугаринович имаа по шест погодоци кај домаќинот.
Драматичен меч се одигра во Скопје, истоимениот тим предводен од Горан Кузманоски наиде на силен отпор од Јуниор К.В, кој пак со гол во самиот финиш од речиси изгубена ситуација успеа да се избори за реми (25-25). Печенковски беше херој на гостите, откако Скопје не се снајде во нападот за победа, казни за голем бод.
Во последните две минути при 24-24, домаќинот остана со играч помалку, минута подоцна и Скопје заработи исклучување. Јакимовски зголеми на 25-24, на другата страна Симоновски не реализираше од седум метри. Но, среќа ги посака, на крајот се радуваа.
Јакимовски и Барјактаревиќ постигнаа по седум гола кај домашниот тим, кај гостите Андревски и Димевски имаа по шест погодоци.
За двата тима ова е прво реми во плеј-офот, со тоа што Скопје ќе остане на третото место на табелата по поразот на Вардар Неготино, додека Јуниор К.В на шестата позиција.