Дарио Ивановски последен во квалификациите на 3.000 метри на Европското првенство!

307

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски заврши на последното место на трката на 3000 метри на Европското првенство во сала кое се одржува во Истанбул. Ивановски во првото полуфинале делницата ја помина со време од 8:17.93 минути, кое беше најлош резултат во квалификациите.

Најдорбиот македонски атлетичар оствари резултат кој е за дваесетина секунди полош од неговиот македонски рекорд од 7:58,48.

Вчера настапи и втората македонска претставничка, Дрита Ислами, која заврши на 25. позиција од вкупно 28 атлетичарки во дисциплината 400 метри.

ПретходноОдбиено барањето на Ѓоковиќ за влез во САД, спасот е Џо Бајден!
СледноПМФЛ: Шампионот сака триумф над “пандевци“, сака да го преземе врвот, во Велес се игра скопско дерби!