Ефремовски не дозволи драма, Гостивар според планот против „Академците“

124

Гостивар дојде до дестата победа во Првата лига, откако на домашен терен го совлада составот на Академија ФМП со 87-79 во рамките на 16. коло. Домаќинот можеше многу полесно да ја реши оваа битка, но во првите пет минути од последната четвртина влезе во поентерска криза, од која излезе во вистинско време. На другата страна скопјани го запишаа 13. пораз, кој ги остава на претпоследното место на табелата.

Македонскиот репрезентативец, Виктор Ефремовски беше на ниво на задачата, тој токму во моментите на криза, постигна важни поени еднакви – победа. Мечот го заврши со 25 поени, зад него беше Вучковиќ со дабл-дабл од 22 поени и 11 скока. Кај гостите, Смит Меквин имаше 29 поени.

Се чинеше дека Гостивар оваа средба ќе ја добие лесно, особено ако се земе доминација во првите три четвртини. Домашниот состав по првите десет минути водеше со 26-19, додека на одморот замина со предност од 47-38.

Како одминуваше третиот период така избраниците на Љупчо Малинков делуваа посигурно, а за тоа говори и фактот дека пред почетокот на последните десет минути водсотвото беше двоцифрено (74-59).

Во последната четвртина, се случи шок, гостите отворија со 9-0 и намалија на 74-68. На другата страна на Гостивар му беа потребни цели 5:30 минути за да го постигне првиот кош во овој период. Тоа го стори Вучковиќ, но неизвеноста продолжи. Академија ФМП притискаше. На голема среќа кошаркарите на домашниот состав се разбудија, иако немаа решение за Смит Меквин, сепак на крајот дојдоа до посакувата цел. Ефремовски постигна два важни поени за 81-72 и целосно ја врати вербата.

ПретходноГолманот Гудвил има 18 години, но фудбалските фанови се сомневаат во неговата возраст
СледноВиктор Осимен: Како дете останав без мајка, претурав по депонии, на улица продавав вода за да преживеам…