Не му беше премногу време потребно на Лука Станковски во дресот на словенечка Горица да покаже зошто е доведен зимава. Во само вториот одигран меч нашиот У21 репрезентативец погоди за триумф од 0:1 на гостувањето кај Целје.
Станковски влезе во второто полувреме и по само неколку минути минати на терен успеа да се запише во листата на стрелците, а потоа и да му донесе и конечен триумф на својот тим.
Горица ќе се бори за опстанок до крајот на шампионатот, но доколку Станковски продолжи вака на тимот ќе му биде далеку полесна оваа задача.