Андреј Магдевски одигра одличен меч во дресот на Донар Гронинген во БНХТ лигата. Иако беше распложен на теренот, сепак неговиот тим не успеа да дојде до победа против еден од најдобрите во лигата, Антверп Џајантс од кого беше совлада со 88-81.
Македонскиот репрезентативец беше прв стрелец во редовите на гостинскиот состав. Зад своето име запиша 15 поени, два скока, 7 асистенции и две украдени топки.
Во следното коло Донар Гронинген го пречекува Лимбург.