Малер до малер: Нкунку по нецели два меча, повторно се повреди

143

Францускиот интернационалец во дресот на РБ Лајпциг, Кристофер Нкунку ја има најнесреќната сезона. Непосредно пред Светското првенство, тој заработи лоша повреда на коленото поради која беше надвор од теренот до 18 февруари, кога доби 21 минута на теренот против Волфсбург.

Подоцна одигра 30 минути против Ајнтрахт Франкфурт и 24 минути против Манчестер Сити, пред да добие скоро цел меч против Дортмунд вчера.

Тука, сепак, работите повторно тргнаа наопаку.

РБ Лајпциг на својата веб-страница денеска објави дека 25-годишниот офанзивец доживеал мала руптура на левата надколеница. Засега е неизвесно колку ќе мора повторно да паузира, но сигурно нема да биде во тимот за мечот со Борусија (М) во следното Бундес-коло.

ПретходноСловенците „златни“ во тимските ски-скокови
СледноАртета за повредата на Тросар: Не изгледа добро