Маунт само поради Клоп сака на лето да се пресели на „Енфилд“

208

Младата ѕвезда на Челзи, Мејсон Маунт е голем фан на германскиот менаџер Јирген Клоп и само поради него сака да му се придружи во Ливерпул следната сезона.

Според информации од Англија, Маунт притиска за преселба на лето во редовите на „црвените“, откако веќе не може да се договори за нова соработка со лондончани. 24-годишниот фудбалер не е задоволен од понудата за продолжување на договорот која му е доставена од Челзи и бара заминување од клубот.

Маунт е дел од Челзи уште од младинските погони на клубот. Тој стана важен играч за Челзи во изминатите неколку години, но оваа сезона некако полека како да паѓа во втор план.

ПретходноАтлетико ја „размонтира“ Севиља: Андалузијците претрпеа тежок пораз на „Ванда Метрополитано“ (ВИДЕО)
СледноМбапе вети хет-трик во Минхен: Можеби и повеќе!