Пеле во последните денови од својот живот навивал Меси и Аргентина да ја освојат титулата на СП во Катар!

242

Ете затоа беше крал на фудбалот. Затоа беше вистински космополит и миленик на сите фудбалски фанови. Се разбира дека тука мислиме на Пеле.

Имено како што открива неговата ќерка Кели, која беше со него во болница до крај, тој од својата постела, се разбира откако Бразил беше елиминиран од Хрватска во 1/4 финалето во Катар, навивал за Меси и Аргентина во полуфиналето и финалето во Катар.

Како што кажа Кели Насцименто во Париз во понеделникот на гала церемонијата на ФИФА за наградите „The Best“, тој навивал за Меси.

Кога го прашале зошто па Аргентина и Меси, ако се знае какви ривали за Бразил и Аргентина, Пеле одговорил дека пехарот мора да дојде во Ј. Америка а Меси заслужува да биде светски првак.

Да потсетиме дека само неколку денови во завршувањето на СП во Катар, Пеле го растажи сиот фудбалски свет со својата смрт.

ПретходноФенербахче си поигруваше со Виртус, Милано го декласира Олимпијакос
СледноНов трипл-дабл на чудесниот Никола Јокиќ кој за малку ќе се степаше (ВИДЕО)