УЕФА суспендира 11 клубови, меѓу нив Ријека, Борац, Олимпија, Клуж…

4503

Финансиското тело на УЕФА после анализа на случувањата во клубовите изминатите неколку години излезе со соопштение и суспендира 11 клубови. Суспендираните клубови се Арис (Грција), Астана (Казахстан), Борац Бања Лука (БиХ), Клуж (Романија), Флоријана (Малта), Коњаспор (Турција), Кужил-Жар (Казахстан), Олимпија Љубљана (Словенија), Осијек и Ријека (Хрватска) и Валмира (Летонија) поради непочитување на финансиските регулативи пропишани од УЕФА за сезоната 2022/23. Поточно се работи за неисплаќање на плати на фудбалери и долгови кон останати клубови во пропишани 90 дена.

Дел од овие клубови ќе имаа можност за преминување во условна казна, ако ги исполнат сите финансиски услови за сезоните 2023/24 и 2024/25.

Дел од нив покрај суспензии добија и парични казни за неисплаќање на плати на фудбалерите. Па така Клуж ќе мора да плати казна од 250.000 евра, Олимпија 100.000 евра, Борац Бања Лука 10.000 евра, Осијек 150.000 евра исто толку и Коњаспор. Арис 50.000 евра колку и Валмира…. Сите тие ќе добијат дополнителна казна од 10.000 евра доколку не ги исплатат долговите до 31 март 2023 година.

 

ПретходноВардар 1961 во Битола ќе ги лечи СЕХА раните!
СледноСарабија: Во ПСЖ нема кохезија поради ѕвездите