Ашраф Хакими влезе во големи проблеми. Репрезентативецот на Мароко и член на ПСЖ и официјално е под истрага откако една девојка го пријави дека тој наводно ја силувал. По сиот овој скандал неговата сопруга побара развод, а девојката која го обвинува фудбалерот раскажа во детали што се случило.
Интересно е тоа што целата случка се случила во неговиот дом откако неговата сопруга го оставила сам неколку дена. Тој прво се допишувал на социјалните мрежи со девјоката а потоа таа дошла во неговиот дом:
„Во неговиот дом работите излегоа од контрола. Прво ме бакнуваше во уста, потоа ми ја тргна и соблече облеката од градите, а ме допираше и по вагината, иако јас не сакав тоа да го прави“ изјави покрај другото девојката.