Победа на Баерн Минхен на гостувањето кај Штутгарт од 2:1 во меч во кој немаше да биде незаслужено домашните да се изборат и за бод. Шампионот беше подобар на теренот, но според шансите, Штутгарт на крајот можеше да дојде и до реми,
Добрата игра во првите 45 минути на Штутгарт, потсети на поранешните сезони кога „швабите“ беа во самиот врв на германскиот фудбал. И покрај добрата партија, шампионот прв поведе. Во 39. минута Матијс Де Лихт ги презеде работите во свои раце, шутираше од околу 30 метри и погоди за 0:1.
Во вториот дел во 62. минута Чупо-Мотинг постигна уште еден гол за 0:2, по што домашните се изборија само за гол-надеж во финишот на мечот, кога
Переа со глава погоди во мрежата на Зомер за 1:2.
Во 92. минута, домашните преку Кулибали имаа уште една одлична шанса, но неговиот шут со глава заврши непосредно до десната статива на голот на Зомер.