Како во најдобрите денови од минатите сезони, Атлетико (М) вечерва на домашен терен ја прегази Севиља со 6:1 и покажа дека останува во битка со Барселона и Реал (М) за самиот врв на Ла Лига.
Момците на чоло Симеоне денеска немаа посебен проблем да ги прокнижат трите бода, зато ашто доминираа на својот терен о дпрвата до полседната минута. Со двата гола на Депај (23’ и 26’), Атлетико поведе со 2:0, но до крајот на првиот дел гостите преку Ен Несири намалија на 2:1.
Сепак, вториот дел беше уште пожесток за гостинскиот состав. Гризман погоди (53’) за 3:1, по што следуваа и головите на караско (69’) и Мората (76’) со кои се најави катастрофата на гостите од Андалузија. Конечните 6:1 ги постави Мората со својот втор гол вечерва (92’).