Бомбардер: Хет-трик на Тричко за нова победа на АЕК Ларнака (ВИДЕО)

238

Иван Тричковски ги постигна сите три гола за екипата на АЕК Ларнака во победата од 3:1 над тимот на Паралимни во последното коло од првата фаза на кипарскиот шампионат. Нашиот ветеран покажа дека е алфа и омега во составот од Ларнака и со три погодока потсети дека му нема рамен во домашниот тим.

Првите два гола Тричко ги постигна во првото полувреме во 8. и 13. минута, па откако гостите намалија на 2:1, со погодок од пенал во 82. минута, нашиот интернационалец ја запечати победата за домашните, кои остануваат на чело на табелата во исчекување на останатите дуели од последното коло пред стартот на втората фаза.

Тричковски оваа сезона во домашното првенство на Кипар постигна 9 гола.

ПретходноАталанта со кикс реми против Удинезе
СледноКуманово победнички во Радовиш