Вардар иако обременет со големи проблеми внатре во клубот, секако дека тука мислиме на беспарицата, сепак успеа да се издигне над се и успеа да победи на денешниот дуел во ВМФЛ против Детонит со 2:0. Вецески и Цветаноски беа стрелците.
Пред почетокот на средбата играчите на Вардар излегоа со маички на коу пишуваше – Панта, со тебе сме.
Оваа порака е до нивниот капитен Дарко Мицевски – Панта кој потешко се повреди и не ќе може да им помогне веројатно до крајот на сезоната.
Секако дека на стадионот “Борис Трајковски“ во Маџари беа и “комитите“ кои му дадоа посебен шарм и на овој меч со големата поддршка на своите миленици.