Виктор Осимен: Како дете останав без мајка, претурав по депонии, на улица продавав вода за да преживеам…

449

Иако синоќа во дербито во Серија А водечкиот Наполи загуби дома од Лацио со 0:1, а Виктор Осимен не успеа да ја продолжи голгетерската серија, сепак Наполи е далеку на врвот и јасно е дека ќе биде новиот шампион во Серија А, а еден од оние кои ќе бидат најзаслужни секако дека е напаѓачот од Нигерија кој има пеколно тешко детство.

Останав без мајка многу мал. Се сеќавам дека беше октомври, ама не и на годината. Детството ми беше многу тешко, често одев по депониите низ Лагос каде претурав по нив, со моите пријатели баравме мачки и чевли. Морав да продавам флаширана вода на улица за да преживеам. Мојот брат продаваше весници а мојата сестра портокали. Беше навистина тешко, но не се предадав. Сакав да станам фудбалер и еве успеав“ посочи Осимен деновиве во едно интервју.

ПретходноЕфремовски не дозволи драма, Гостивар според планот против „Академците“
СледноГолден Арт фати залет, Печенковски му донесе реми на Јуниор К.В!