Полувреме: Голеада во Кичево, 3:2 е на дуелот меѓу Седлоски и Васоски, Работнички со водство против “пиратите“!

425

Завршија првите полувремиња од двата меча од 21.коло во ПМФЛ кои се играат попладнево во Кичево и Велес. Резултатот по првите 45.минути на мечот меѓу Шкупи и А. Пандев е 3:2. Ова е дуел и меѓу тренерите Седлоски и Васоски, некогашни соработници од времето на Вардар.

Цефас во 12.минута му донесе водство на Шкупи, додека струмичани вратија со два гола и тоа на Крстевски и Руфати, но шампионот израмни на 2:2 преку Данфа со што не дозволи гостите да замина на пауза со водство. Напротив, Хамиди во последните секунди од непосредна близина стрелаше за ново водство од 3:2.

Во Велес екипата на Работнички има мининално водство од 1:0.

ПретходноХакими и официјално под истрага: Девојката во детали раскажа што се и правел фудбалерот на ПСЖ!
СледноГрадскиот ривал е понижен: Лацијалите со една фотографија ја “пецнаа“ Рома!