Словенците „златни“ во тимските ски-скокови

247

Словенечката репрезентација во ски скокови ја освои титулата светски шампиони во екипна конкуренција на Светско првенство кое се одржа во Планица.

По олимпиското сребро во оваа дисциплина лани во Пекинг, Словенците направија чекор напред и на домашен терен стигнаа до првото злато во екипна конкуренција на големите натпреварувања.

Словенечкиот златен тим го сочинуваа Ловро Кос, Жига Јелар, Тими Зајц и Анже Ланишек. Сите четворица прелетаа над 130 метри во двата скока и освоија вкупно 1178,9 поени.

Ова е трет медал за Словенија на СП во Планица, по бронзата во екипна конкуренција во мешани скокови и златото на Тими Зајц во поединечна конкуренција.

Среброто го освои Норвешка, додека бронзата ја освоија Австријците.

ПретходноТри недели, три титули: Медведев слави во Дубаи
СледноМалер до малер: Нкунку по нецели два меча, повторно се повреди