Нов трипл-дабл на чудесниот Никола Јокиќ кој за малку ќе се степаше (ВИДЕО)

366

Никола Јокиќ има нов трипл-дабл. Денвер повторно го доби дерби дуелот во Западната конференција против Мемфис, овој пат го совлада со 113-97 и се зацврси на врвот на табелата.

Српскиот центар постигна 25 поени, на кои додаде 18 скока и 18 асистенции. Зад него беше Портер кој имаше 26 поени. Кај Мемфис најдобар стрелец беше Морант со 27 поени.

Јокиќ на овој меч покрај трипл-даблот се најде во центарот на вниманието по тоа што доби техничка грешка, за малку ќе се степаше со Дилон Брукс, кој го повлече за рака, по што следеше реакција од страна на српскиот кошаркар. Судиите не дозволија ситуацијата да ескалира им доделија техничја грешка.

Резултати: Шарлот – Орландо 106-117, Атланта – Портланд 129-111, Бостон – Бруклин 105-115, Чикаго – Феникс 104-125, Мајами – Њујорк 120-122, Оклахома – Јута 130-103, Денвер – Мемфис 113-97, Голден стејт – Њу Орлеанс 108-99, Сакраменто – ЛА Клиперс 128-127, ЛА Лејкерс – Минесота 102-110.

ПретходноПеле во последните денови од својот живот навивал Меси и Аргентина да ја освојат титулата на СП во Катар!
СледноОдбиено барањето на Ѓоковиќ за влез во САД, спасот е Џо Бајден!