Лазаров објасни за отсуството на Манасков и Георгиевски и потенцира: Вратата за никого не е затворена!

2658

Ако на Светското првенство мислевме дека го имаме најмладиот состав на играчи, за квалификацискиот двомеч со Португалија, Македонија ќе биде во видно изменет „ростер“.

Без Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Филип Талески, но и со можност да не настапат и Жарко Пешевски и Марио Танкоски, кои пријавиле повреди. За двајцата се уште не е потврдено дали ќе настапат ќе следат проверки, па лекарите ќе дадат извештај. Пешевски потврди дека сака да настапи, но прво ќе мора да се види дали навистина ќе може да одговори на задачите.

Лазаров даде објаснување за Манасков и Георгиевски.

„Ќе ни недостигаат неколку играчи. Филип Талески ќе биде отсутен на овие два меча, во договор со РФМ и со мене, тој ќе го прескокне овој собир и ќе се приклучи на собирот на крајот на април против Луксембург и Турција. За Гоце Георгиевски ние се договоривме уште пред почетокот на СП, ќе им дадеме шанса на помладите. Неговите последни натпревари како репрезентативец, кој дал многу за оваа репрезентација, ќе бидат против Турција и Луксембург. Тогаш достојно ќе може да се прости од националниот дрес.

Дејан Манасков, после СП одлучив да им дадам шанса на помладите играчи, од типот на Цветан Кузманоски кој што е голем талент и Петар Атанасијевиќ, кој на СП на последните мечеви покажа дека располага со огромен потнцијал на кој што во иднина треба да се смета. И со овој ростер имаме квалитет. За Манасков, и за секого вратата отворена. За оваа репрезентација, за национална селекција треба да сакаш да играш. За никого не е затворена вратата, одлуката не е конечна.

Во последен момент имаме откажување од Павле Атанасијевиќ, кој што веќе подолго време не е во ростерот на Пелистер. Е. Пелистер испрати официјален мејл до РФМ каде што не извести дека Павле Атанасијевиќ нема да биде во можност да настапува за репрезентацијата и исто така Танкоски и Пешевски се пожалија на повреди. Со дополнителни прегледи на нашиот докторски тим ќе донесеме одлука дали тие двајца ќе бидат со нас на овие два меча. Доколку не е така ќе морам да повикам нови двајца ракометари“, изјави Лазаров. 

Македонија на 9. овој месец ја пречекува Португалија, три дена подоцна го игра реваншот на гости.

ПретходноТотенхем за Кејн бара 110 милиони евра!
СледноДефинитивно без Пешевски и Танкоски против Португалија!