Скопје ќе бара нов тренер: Георгиевски си замина од Автокоманда

1223

Славчо Георгиевски повеќе не е тренер на екипата на Скопје. Вечерва некогашниот македонски репрезентативец си поднесе оставка на тренерското место на тимот од Автокоманда, по вчерашниот убедлив пораз од екипата на Работнички со 4:0 во тековното коло од ПМФЛ.

Георгиевски ја презема улогата на кормилар на „пиратите“ на стартот на оваа сезона и го предводеше Скопје на 19 првенствени натпревари. Под негово водство тимот од Автокоманда оствари 2 победи, 7 ремија и дури 10 порази.

Скопје со 13 освоени бода се наоѓа на делба на двете последни места на првенствената табела и до крајот на сезоната ќе мора грчевито да се бори за опстанок во елитата.

ПретходноТех Хаг по дебаклот: Дали сум лут? Ова беше непрофесионално!
СледноНема подобар дефанзивец-асистент: Робертсон ги мина и Озил, Мата, Азар…