Па, има ли крај на трошењето на стотина милиони и милијарди евра на пребогатиот газда на Челзи, Тод Боли? Американецот троши пари како луд, во два преодни рока потроши речиси 700 милиони евра за засилувања, а сега на ред бил стадионот.
Имено Боли има намера да го урне легендарниот „Стемфорд Бриџ“, а потоа на негово место да изгради нов. Целата таа операција ќе чини околу 2 милијарди евра, ќе биде еден од најскапите ако не најскап во светот.
Додека трае изградбата на новиот „Стемфорд Бриџ“ екипата на Челзи кога е домаќин би играла на “Вембли“ или на стадионот на Фулам, и двата се наоѓаат во Лондон.