Шкендија оваа сезона е далеку од она што се очекуваше да биде. Повеќе од јасно е дека речиси ги загуби шансите за титулата. Во изминатите две кола од пролетниот дел има пораз од Шкупи и победа и тоа едвај со Победа.
Попладнево, од 14 часот во рамките на 21.коло тетовци гостуваат кај разиграната Брегалница.
Аденис Шаља за клупскиот сајт дава свој коментар околу тоа што може да се очекува од аспект на Шкендија на денешниот меч со Брегалница во Штип.
“Брегалница е доста тежок противник. Сепак имам верба во тимот и мислам дека ако го дадеме максимумот тогаш може да извлечеме добар резултат. Знаеме дека сезонава не сме на потребното ниво, но Шкендија на секој меч оди на победа. Иако во Штип ќе настапиме ослабени, ќе недостигаат неколкумина стандардни играчи, сепак посакувам победа на Шкендија, посакувам и јас по подолго време да се запишам во листата на стрелците“ изјави напаѓачот на Шкендија.
Тренерот на тетовци Ќатип Османи за денешниот дуел во Штип не ќе може да смета на Љупчо Дориев, Бруно Дита и Дашмир Елези, а под голем знак прашалник е и настапот на капитенот Ферхан Хасани кој заздравува од повредата и со него нема да се брза.