Барселона успеа да ги собере трите бода на денешниот меч против Валенсија на „Ноу Камп“ во 24 коло на Ла Лига. „Каталонците“ стартуваа без тренерот Чави кој беше на трибините поради суспензија од еден меч поради жолти картони. Неговиот брат Оскар Хернандез го предводеше тимот од клупата.
Барселона поведе во 15. минута. На асистенција на Бускетс, одлично се снајде Рафиња кој со глава го совлада противничкиот голман. Во 55 минута Феран Торес имаше шанса да зголеми на 2:0 меѓутоа промаши пенал.
Интересно, Феран и Ансу Фати се караа кој да шутира пенал. Фати попушти, па Торес го изведе и не погоди.
Ahora se pelean Ansu Fati y Ferrán por el penal. Mamita pic.twitter.com/1FDJIr9q0T
— milena gimon (@milenagimon) March 5, 2023
Четири минути подоцна Барселона се најде во невоља кога Роналд Араухо доби директен црвен картон па беше принудена да го чува водството до крајот на мечот. Шпанецот мораше да ја поправа грешката на Кунде кој ја врати топката до Тер Штеген, па со прекршок спречи опасна акција на гостите.
Успеа да го сочува и да освои важни три бода во трката по титулата во најсилната шпанска лига.
По 24 кола Барса има 62 бода или десет повеќе од вториот Реал Мадрид кој има и меч помалку. Валенсија е претпоследна.
Рајо Ваљекано-Атлетик Билбао играат од 18:30, Бетис – Реал од 21:00 часот, додека Ваљадолид го совлада Еспањол со 2:1.
BARCELONA 1 – 0 VALENCIA
RAPHINHA pic.twitter.com/EKnaXjsbD5— 𝙈𝙚𝙨𝙝 ²⁴ (@_i27M) March 5, 2023