Без Талески и Павле против Португалија, „висат“ Пешевски и Танкоски!

931

Македонската машка ракометна репрезентација денеска и официјално стартува со подготовките за квалификацискиот двомеч со Португалија за пласман на ЕП 2024 година.

Селекторот Кирил Лазаров повика 22 ракометари. На скратениот список го нема Дејан Манасков, како и Гоце Георгиевски. За овој двомеч ќе отсустваат уште неколку играчи, кои беа на скратениот список.

Филип Талески ќе ги прескокне овие дуели од приватни причини, исто така Лазаров нема да смета на Павле Атанасијевиќ, за кого Пелистер испратил барање да не настапутва, додека на повреди се жалат Танкоски и Пешевски. Двајцата дојдоа на собир, ќе следат дополнителни прегледи, па после тоа ќе биде познато дали ќе играат на овие две средби.

Единствен кој ќе доцни на подготовки е Никола Митревски, кој вечерва игра со Порто во тамошниот шампионат, па веќе во вторник ќе му биде на располагање на Лазаров.

Првиот меч со Португалија нашите ракометари го играат на 9 овој месец во Скопје, три дена подоцна е реваншот во Португалија.

Македонија на стартот запиша две победи против Турција и Луксембург, па сега теоретски една победа не носи на ЕП 2024 година.

ПретходноРазиграна Македонија ЃП, прва пролетна радост на тимот од Ѓорче! (ФОТО)
СледноТотенхем за Кејн бара 110 милиони евра!