Секоја чест за Сити, Арсенал, Њукасл, Тотенхем и останатите големи клубови во најсилната лига во светот, сепак најголемото дерби во ПЛ е Ливерпул и Манчестер Јунајтед, и тоа без разлика кој каде е на табелата.
Па така најтрофејните клубови во Англија денеска од 17:30 часот на “Енфилд“ уште еднаш ќе ги “вкрстат копјата“. Ова е меч од 26.коло, меч кој се очекува да биде спектакл за фудбалско уживање, спектал за сите пари.
Реално Јунајтед е благ фаворит и тоа само поради подобрата форма, но зарем некој може да дојде како фаворит на „Енфилд“ и да каже дека сигурно ќе победи.
Јасно е дека магијата на Јирген Клоп ја снема, истата таа сега се пренесе кај Ерик Тен Хаг кој чуда прави со Јунајтед, но кога играат Ливерпул и Јунајтед, тоа е повеќе од фудбал, повеќе од спорт. Тогаш цела фудбалска Англија е на нозе.