Браво, секоја чест за Кристијано Роналдо. Имено Португалецот испратил полн авион помош, и тоа основните намирници за загрозените од катастрофалниот земјотрес во Турција. Со овој потег фудбалерот на Ал Наср сакал да и изрази поддршка на Турција и на Сирија во најтешките моменти за народот таму во последните неколку децении.
Како што се знае земјотресет кој ги погоди Турција и Сирија однесе најмалку 50.000 жртви.
Инаку Роналдо е познат по своите хуманитарни акции ширум светот откако стана познат фудбалер.