Вецески: Чест е да се биде дел од Вардар, одиме чекор по чекор до конечна победа

868

Тимот на Вардар вчера во и повеќе од солидно издание на домашен терен го совлада тимот на Детонит со конечни 2:0, и на тој начин го одржа моментот со ривалите кога станува збор за самиот врв во ВМФЛ шампионат.

Иако навидум ова беше рутинска победа за реално поквалитетниот противник, сепак, на Вардар му требаше и повеќе од едно полувреме за да го пробие ривалот. Корнер ситуација во која најдобро се снајде Христијан Вецески и погодува со одмерен полуволеј удар. Дејан Цветаноски ја запечати судбината на Детонит со голот за 2:0.

„Иако подоцна почнавме со подготовки и можеби однадвор изгледавме хаотично, како тим знаевме дека продолжуваме онаму каде што застанавме есеноска. Сето тоа се долзесе на тимскиот дух, стручниот стаб на чело со тренерот Грнчаров, директорот Бајевски и секако незаменливите Комити. И покрај сите проблеми кои Вардар реално ги има, мотивирани сме повеке од било кога да го однесеме тимот таму каде што му е местото, а тоа е во прва лига. Овој натпревар беше огромен предизвик сам по себе, ама кога најдобриот играч и лидер се повредува, моравме да собереме сили и да изгинеме на терен за него. Дарко Мицевски направи многу за Вардар и за нас, сега е време ние да направиме нешто за него. Да го однесеме Вардар во прва лига“ – вели Христијан Вецески за Спортмедиа, па додава.

„Овој меч значеше многу и го доведе на високо ниво тимскиот морал. Дополнително се мобилизиравме, се сплтивме што се вели. Секако сум среќен за постигнувањето на мојот прв гол, но, секако сум посреќен за тоа што Вардар победува и чекор по чекор стига до посакуваната цел. Чест е да се биде во ваква средина со толку одлични индивидуалци и личности, а потоа и големи професионалци и фудбалери“ – истакува популарниот Веце.

 

 

 

ПретходноНејмар и Мбапе им ги затворија устите на сите (ВИДЕО)
СледноБитка за Англија: Ливерпул VS Јунајтед, Клоп против Тен Хаг…спектакл за уживање!