ВМФЛ: Слога (В) дома празена од Пехчево!

336

Денеска во Виница, во последниот меч од 18.коло во ВМФЛ, домашната екипата на Слога забележа пораз од тимот на Пехчево Скопје и тоа со 0:1. Победникот беше решен во 13.минута кога Мердиан Рамадани ја затресе мрежата на виничани и на својот тим му донесе големи три бода.

Сите останати мечеви од ова 18.коло се одиграа утре.

Во пресрет на натпреварите од 19.коло, кое е закажано за во среда (08.03.2023), да се потсетиме на табелата:

ТАБЕЛА: Воска 43, Гостивар 43, Вардар 43, Пелистер 39. Детонит 32, Беласица 29, Охрид 26, Арсими 24, Беса 24, Караорман 23, Кожув 20, Пехчево 17, Слога (В) 13, Саса 13, Тетекс 11, Борец 1.

ПретходноДефинитивно без Пешевски и Танкоски против Португалија!
СледноЏонсон му донесе бод на Форест против Евертон