Потег за затвор, а не за на терен. Се се случи на мечот меѓу младите репрезентации на Јордан и Таџикистан, а глупоста ја направи Бакер Камал Кабун. Судијата само што даде знак за почеток на натпреварот на Азискиот куп У20 настана хаос. Напаѓачот на Јордан се залета и проба да освои топка, но тоа го направи на ужасен начин. Високо ја крена ногата и со копачка го удри во главата противничкиот играч Мехрубон Каримов. Судијата веднаш извади црвен картон и го исклучи насилникот.