Фудбалерите на Интер го победија Лече со 2:0 во 25. коло од италијанската Серија А. Со овој триумф „нероаѕурите“ се вратија на второто место на табелата со 50 бода и ја намалија предноста на водечкиот Наполи, но и понатаму се на огромни „минус 15“.
Интер постигна по еден гол во двете полувремиња и го реши денеска анемичниот Лече.
Во 29. минута Барела со одлична финта го исфрли чуварот на мрежата, проигра покрај Михтарјан, а искусниот Ерменец беше немилосрден и погоди за 1:0.
Вториот гол беше постигнат во 53. минута. Дамфрис испрати додавање по десната страна за Лаутаро Мартинез, кој беше сам и го совлада голманот Фалконе за 2:0.