И тоа е можно, примија гол, се налутија и го напуштија теренот (ВИДЕО)

2141

Индија е втората по ред најбројна нација на светот, а фудбалот во оваа држава и тоа како доживува експанзија, односно добива на квалитет. Се редат познати имиња во овој шампионат, како на терен така и во стручните штабови, а еден од нив е уи искуснит стратег од Србија, Иван Вукомановиќ.

Тоа е тренер кој беше дел од Слован, Стандард Лиеж, Аполон, а во моментов е на чело на индискиот КЕрала Бластерс. Тој и неговиот тим се дел од плеј офот во домашниот шампионат, и синоќа го играа дуелот против тимот  на Бенгалуру. Се играа продолженијата кога за противникот беше досуден слобден удар, и беше постигнат гол додека играчите на Керала сеуште го местеа живиот зид. Истиот е признат, Вукомановиќ беше вон себе од нервоза, и реши да ја повлече еипата. И покрај молбите тимот да се врати, Вукомановиќ остана на одлуката да не го доигра мечот, па на судијата не му преостана ништо туку да отсвири крај.

ПретходноБитка за Англија: Ливерпул VS Јунајтед, Клоп против Тен Хаг…спектакл за уживање!
СледноФутсал: Македонија на мегдан со Шведска, се посакува победа за крај на квалификациите!