Македонската машка ракометна репрезентација е на добар пат да се најде на ново големо натпреварување. Кирил Лазаров и неговите избраници се на победа до пласман на Европското првенство 2024 година, откако ги победија Турција и Луксембург.
ЕХФ-неделата за Македонија токму во овие квалификации стартува денеска. Во хотелот „Александар Палас“, предводникот на нашиот национален тим, Лазаров ќе прозива за двомечот со големиот фаворит во наата група Португалија. Оваа земја исто како „црвено-жолтите“ има две победи во исто толку одиграни мечеви. Првата средба се игра на 9-ти овој месец во СЦ „Борис Трајковски“, додека реваншот е три дена во Порто.
Лазаров на располагање ќе има 22 имиња, меѓу нив ги нема Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, кој на дуелот против Турција и официјално ќе каже збогум на националниот дрес.
Европското првенство следната година ќе се игра во Германија, истото ќе биде одлична шанса за младата Македонија да покаже дека Мундијалот кој е зад нив бил големо искуство.