Нема подобар дефанзивец-асистент: Робертсон ги мина и Озил, Мата, Азар…

287

Левиот бек на Ливерпул, Енди Робертсон, ги помина Месут Озил, Хуан Мата и Еден Азар на листата на најдобри асистенти во Премиер лигата на сите времиња. Репрезентативецот на Шкотска вечерва на неверојатната партија на „црвените“ против лутиот ривал Манчестер Ј. ја реализираше својата 55-та асистенција во Премиерлигата со што си обезбеди место во аналите на едно од најсилните национални фудбалски првенства.

Робертсон вешто го пронајде Коди Гакпо непосредно пред полувремето, при што Холанѓанецот го отвори резултатот на „Енфилд“, а Робертсон ја запиша 55-тата асистенција. Интересно е што ниту еден друг дефанзивец во историјата на Премиер лигата нема повеќе асистенции од Шкотланѓанецот. Тој сега ја зголеми предноста пред Лејтон Бејнс [53] и тимскиот колега Трент Александар-Арнолд [45].

Робертсон сега со 55 асистенции се израмни со Пол Сколс, Ријад Марез, Дидие Дрогба, Дени Марфи, Стид Малбранк и Демиен Даф.

ПретходноСкопје ќе бара нов тренер: Георгиевски си замина од Автокоманда
СледноТројна победа на Австријките на тешката Супер-Џи трка во Квитфјел