Попладнево се одиграа и трите преостанати мечеви од 21.коло во ПМФЛ.
На дербито во Штип, каде силите ги одмерија Брегалница и Шкендија, на крајот резултатот беше 0:0. Се чини многу врева за ништо, барем кога се однесува за головите. И двете екипи имаа свои акции, закани, па и шанси. Шкендија како да беше поактивна, но домашниот состав предводен од стратегот Горан Здравков умешно се бранеше кога беше потребно, за тој бод.
Какво деби на Александар Катаниќ? Супер-деби и тоа зачинето со хет-трик. Силекс ја декласира Победа со 1:4, три гола беа дело на Катаниќ на кого ова му беше прв настап, додека Милосављевиќ го постигна првиот гол за кратовци.
Нема што, силен е овој Силекс, има два од два оваа пролет.
Македонија ЃП – Тиквеш 3:0. Убедлива победа на “лавовите“. Воша, потоа Мишевски од пенал и Скендери во самиот финиш беа стрелците за победничкиот тим.
Добра игра на “лавовите“, Тиквеш солиден, но сепак на крајот загуби убедливо.
РЕЗУЛТАТИ – 21.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0:0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 3:0
(Воша 2./Мишевски (п) 76., Скендери 89.)
ПОБЕДА – СИЛЕКС 1:4
(Делибашиќ 65./Милосављевиќ 10., Катаниќ (п) 69.,73., 80.)
ВЧЕРА
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 4:0
(Велкоски 7., 51., 67, Гандо 89./)
ШКУПИ – А.ПАНДЕВ 3:3
(Цефас 12., Данфа 37., Хамиди 45+4./Крстевски 27, Руфати 36., Трајков 90+1.)
СТРУГА ТЛ (СЛОБОДНА)
ТАБЕЛА: Струга ТЛ 39, Шкупи 38, Шкендија 32, Силекс 32, Тиквеш 28, Брегалница 26, Македонија ЃП 24, Работнички 24, А. Пандев 16, Победа 13, Скопје 13 …бодови