По поразот дома од А. Пандев, ремито со Струга ТЛ на гости, ете, дојде ред и за победа на тимот на Македонија ЃП оваа пролет. И тоа каква победа, и тоа над Тиквеш со 3:0.Воша, потоа Мишевски од пенал и Скендери за крај за три бода за тимот на стратегот Муарем Бајрами.
“Лавовите“ на дело покажаа дека имаат добар тим. Тиквеш солиден, имаше свои шанси на 1:0, но сепак на крајот заслужен триумф на тимот од Ѓорче.