Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Барселона, а денес напаѓач на бразилскиот прволигаш Гремио, во интервју за бразилските медиуми зборуваше за бројни моменти од неговата кариера. Тој посвети посебно внимание на времето поминато во Барселона со која освои се што можеше да се освои. Суарез ја имаше најдобрата сезона во Барселона во 2015/16 година кога постигна 59 гола во сите натпреварувања и ја освои Златната копачка.
„Кога се натпреварував со Кристијано Роналдо за Златната копачка, Меси и Нејмар ми помогнаа да победам. Ми ги препуштаа слободните удари и ми месета голови. Секогаш ќе им бидам благодарен за тоа“, изјави Суарез, а потоа зборуваше за Нејмар, за кого верува дека ќе ја добиеше Златната топка доколку останеше во Барселона:
“Му рековме дека ќе му донесеме засилувања и ќе ја вратиме шампионската титула со Барселона. Тој сакаше да остане, но неговата околина бараше друго. Ние како пријатели го советувавме да остане, но семејството не сакаше. Му кажавме „Нејмар, Англија е подобра, фудбалот таму ќе биде подобар. Разбирам дека францускиот фудбал се развива, но подобро ќе беше да остане во Барселона“.