Харден го украде шоуто, Филаделфија ја прекина серијата на Милвоки (ВИДЕО)

77

Дербито на Истокот во НБА-лигата ги оправда сите очекувања, Филаделфија го победи Милвоки на гостински терен со 133-130, а сите можеа да видат како изгледа пресметката меѓу Џоел Ембид и Јанис Адетокумбо. Двајцата кандидати за МВП признанието доминираа на теренот, а публиката уживаше. Но, мечот го реши третиот ас, а тоа е Џејмс Харден.

Грчкиот кошаркар блескаше кај домаќинот со 32 поени, 13 скока и 4 асистенции, Ембид имаше 31 поени, 10 скока и 6 асистенции, но шоуто го украде „Брадата“. Харден имаше 38 поени, 10 асистенции и 9 скока, и 5/9 за три поени. Токму на неговите крила Филаделфија ја прекина серијата на Милвоки од 16 победи во низа.

Гостите направија пресврт, Милвоки во третата четвртина водеше со плус 18 (95-77), изгледаше дека домаќинот ќе победи, но феноменалната последна четвртина со 48 постигнати поени беше доволна за целосен кам-бек и триумф на гостите.

Сега на врвот на Истокот е вистинска мешаница, Милвоки е прв со скор од 45/18, Бостон е втор со 45/19, додека третото место го има Филаделфја со 41/22, зад овој тим е Кливленд со скор од 40/26.

Резултати: Кливленд – Детроит 114-90, Мајами – Атланта 117-109, Сан Антонио – Хјустон 110-122, Милвоки – Филаделфија 130-133, Сакраменто – Минесота 134-138,

ПретходноМбапе вети хет-трик во Минхен: Можеби и повеќе!
СледноДресот со кој стана европски првак Антиќ го стави на аукција, парите ќе ги донира во Турција!