Барса ја совлада Валенсија, Фати и Торес се караа кој да изведе пенал (видео)

601

Барселона успеа да ги собере трите бода на денешниот меч против Валенсија на „Ноу Камп“ во 24 коло на Ла Лига. „Каталонците“ стартуваа без тренерот Чави кој беше на трибините поради суспензија од еден меч поради жолти картони. Неговиот брат Оскар Хернандез го предводеше тимот од клупата.

Барселона поведе во 15. минута. На асистенција на Бускетс, одлично се снајде Рафиња кој со глава го совлада противничкиот голман. Во 55 минута Феран Торес имаше шанса да зголеми на 2:0 меѓутоа промаши пенал.
Интересно, Феран и Ансу Фати се караа кој да шутира пенал. Фати попушти, па Торес го изведе и не погоди.

Четири минути подоцна Барселона се најде во невоља кога Роналд Араухо доби директен црвен картон па беше принудена да го чува водството до крајот на мечот. Шпанецот мораше да ја поправа грешката на Кунде кој ја врати топката до Тер Штеген, па со прекршок спречи опасна акција на гостите.
Успеа да го сочува и да освои важни три бода во трката по титулата во најсилната шпанска лига.

По 24 кола Барса има 62 бода или десет повеќе од вториот Реал Мадрид кој има и меч помалку. Валенсија е претпоследна.
Рајо Ваљекано-Атлетик Билбао играат од 18:30, Бетис – Реал од 21:00 часот, додека Ваљадолид го совлада Еспањол со 2:1.

ПретходноТриумф на Верстапен во Бахреин, Перез и Алонсо го дополнија подиумот
СледноГвардиола бара 500 милиони евра за четири мега – засилувања!