Индија е втората по ред најбројна нација на светот, а фудбалот во оваа држава и тоа како доживува експанзија, односно добива на квалитет. Се редат познати имиња во овој шампионат, како на терен така и во стручните штабови, а еден од нив е уи искуснит стратег од Србија, Иван Вукомановиќ.
Тоа е тренер кој беше дел од Слован, Стандард Лиеж, Аполон, а во моментов е на чело на индискиот КЕрала Бластерс. Тој и неговиот тим се дел од плеј офот во домашниот шампионат, и синоќа го играа дуелот против тимот на Бенгалуру. Се играа продолженијата кога за противникот беше досуден слобден удар, и беше постигнат гол додека играчите на Керала сеуште го местеа живиот зид. Истиот е признат, Вукомановиќ беше вон себе од нервоза, и реши да ја повлече еипата. И покрај молбите тимот да се врати, Вукомановиќ остана на одлуката да не го доигра мечот, па на судијата не му преостана ништо туку да отсвири крај.
ISL 2022-23 Knockout Bengaluru
FC Vs Kerala Blasters | Kerala Blasters walk out 🥴😭😭😭😭😭😭 pic.twitter.com/lrvO4IvLx3— Shajeer🕊️ (@shajeerbinumar) March 4, 2023