Историски резултат на Енфилд: Ливерпул го „здроби“ Јунајтед со 7:0!

251

Тотална доминација и убедлива победа на Ливерпул со 7:0 во дуелот со најлутиот ривал Манчестер Јунајтед во дербито на 26 коло на Премиер лигата. „Црвените“ го распарчија ривалот на својот „Енфилд“ и им вратија за поразот во првиот дел од сезоната на „Олд Трафорд“. Ова воедно е највисоката победа на Ливерпул во дуелите со Манчестер Јунајтед во историјата.

Првиот гол падна во 43 минута. Робертсон фантастично го проигра Коди Гакпо во празно, а белгискиот напаѓач со убав шут по земја го совлада Де Геа.
Само што почна второто полувреме Ливерпул поведе со 2:0. Топката се префрли на десната страна, прво Салах се обиде да центрира но не успеа, но затоа Елиот нафрли, а Дарвин Нуњез со глава ја смести топката во мрежата.

Само три минути подоцна нов удар за Јунајтед. Салах го проигра Гакпо кој од косо успеа да го совлада противничкиот голман.
Следуваше гол на Салах, па уште еден на Дарвин Нуњез за 5:0 во 75 минута. Во 83 минута уште еднаш погоди Салах, па египќанецот стигна до 129 премиерлигашки голови во дресот на Ливерпул во 66 минута.

Шлаг на тортата стави Роберто Фирмино во 88. минута.

Ливерпул е петти на табелата со 42 бода, додека Јунајтед е трет со 49 бода.

ПретходноЧелзи ќе го урива “Стемфорд Бриџ“, Тод Боли со 2 милијарди евра ќе гради нов стадион!
СледноЛазаров со дополнителен повика за Мишевски и Аларов