Леверкузен им се врати на победите, ја „здроби“ Херта на свој терен

97

Екипата на Баер Леверкузен им се врати на победите во Бундес лигата. По два меча без триумф „фармацевтите“ денеска ја победија Херта со 4:1 и си зазема позиција за место во Европа.
Азмун и Фримпонг донесоа 2:0 за Баер Леверкузен на полувреме, во второто Диаби зголеми на 3:0 шест минути подоцна Лукебакио од пенал намали меѓутоа домашните ја запечатија победата во 73 минута со голот на Адли.

Генерално, Баер беше подобар ривал на теренот, имаше преку 15 шутеви на голот на противникот од кои десеттина беа во рамките на голот.
Леверкузен е на 9 место со 31 бод, а Херта е на 14-тото со 20 бода еден повеќе од опасната зона.
Следно за Баер е мечот со Ференцварош во Лига Европа, па потоа ќе му гостува на Вердер во Бундеслигата. Херта ќе игра со Мајнц.

ПретходноЏонсон му донесе бод на Форест против Евертон
СледноНавивачи ги гаѓаа играчите со шишиња со вода, тепачки на теренот и на трибините (видео)