Макпетрол со недостижна предност во македонската кугларска лига!

68

Со комплетирање на 14-то коло од Македонската кугларска лига, дилемата околу првото место веќе е разрешена. Макпетрол е идниот шампион за сезона 2022/23 година.

Во дуел со ГТЦ, на Мусандра, нафташите успеаа да соборат 3466 кегли, што е ретка глетка на скопската куглана и воопшто во македонската кугларска лига оваа сеозна. Со овој натпревар покрај тоа што значително се одделија од второпласираната екипа во лигата, потврдија и дека шампионската титула сосема заслужено ја имаат оваа година.

Кугларскиот клуб Вардар 2014, во моментот е на комотното второ место иако зауби поен неочекувано од ГТЦ, а пелистерци својата шанса за второ место на табелата ќе ја бараат со победа над Вардар во 15-то коло од 6-2 на гостинска куглана и најмалку нерешен резултат со Макпетрол А.

Екипата на ГТЦ Мусандра гледа шанса за трето место, но најпрво треба да ја победи екипата на Макпетрол Б , а потоа да чека лош резултат на Пелистер во дуелот со Б екипата на Макпетрол.

Што се однесува кај жените, битолската екипа на Пелистер Пин е убедливо пред екипата на ГТЦ Мусандра.

ПретходноБраво: Роналдо испратил полн авион помош за загрозените во Турција и Сирија!
СледноПМФЛ: Мрежите мируваа во Штип, супер-деби на Катаниќ со хет-трик за Силекс, убедливи “лавови“!